Атлетика
Ивановски истрча трет најдобар личен резултат на маратонот во Ротердам
Дарио Ивановски го освои 28. место во силна конкуренција на денешниот маратон во Ротердам, а времето 2:14:46 часа е трето најдобро во досегашната маратонска кариера на најдобриот наш претставник и македонски рекордер во оваа дисциплина.
По одличниот настап во Севилја (2:08.26), Ивановски пристигна во холандскиот град со амбиција да обезбеди олимписка норма, но за жал постигнатото време не го смести меѓу маратонците кои веќе имаат обебеден настап на Олимписките игри во Париз.
Дарио Ивановски останува во игра за настап на Олимпијадата, а пласманот сега ќе треба да го потврди со најдобар резултат на национално ниво.
– Трет најбрз маратон за Дарио во неговата професионална кариера. Нашиот херој денес го трчаше својот 10-ти јубилеен маратон и го даде својот максимум за што подобар резултат. Во борба со незгодниот ветер и доцниот старт во 10.00 часот, денес тоа беше максимумот од него. Дефинитивно Дарио изгина на три неверојатни маратони за сите нас, за мајка Македонија и нема што да му се замери на нашиот шампион. Јавно му се поклонувам за се што направи денес, вчера, лани, цели 10 години, – напиша тренерот Јакимовски на социјалните мрежи.
На овој маратон учествуваа уште двајца македонски рекреативци, искусниот сениор Грегор Пановски и младиот Иван Величковски.
Пановски лани го истрча својот најдобар резултат во Амстердам (3:17.46), но овој пат чувствуваше болки во задната ложа и се повлече после 28 километри, додека Величковски во својот втор голем маратон го постигна личниот најдобар резултат 2:55.59 и се најде на 795 место од 17 илјади учесници, односно на 291 за државното првенство на Холандија..
Маратонот во Ротердам воедно претставуваше официјално државно првенство на Холандија. Победник на денешниот маратон во Ротердам бил натурализираниот Холанѓанец, Абди Нагеје со резултат 2:04:45 (нов холандски рекорд), а на пиедесталот имало место и за Амедеворк Валелег и Бирхану Легесе, двајцата од Етиопија.
-
НБАпред 6 часа
Брансон како Џордан и Леброн, познато е првото полуфинале на Истокот (ВИДЕО)
-
НБАпред 18 часа
Баркли за неуспехот на Лејкерс и Феникс: Има само една причина за тоа
-
Италијапред 20 часа
Ибрахимовиќ за големата загуба: Последен пат плачев по неговата смрт
-
Англијапред 19 часа
Невил за „траумите“ од тренерското искуство во Ла Лига: Тој не сакаше ни да се ракува со мене
-
НБАпред 22 часа
НБА Топ 5: Шоу на Дончиќ и Ирвинг против Клиперс (ВИДЕО)
-
НБАпред 19 часа
Газдите на Филаделфија купиле билети за да спречат присуство на фанови на Њујорк на шестиот дуел од серијата
-
АТПпред 21 час
Руски бизнисмен го обвини Алкарас дека учествува во местење тениски мечеви
-
Францијапред 20 часа
Фудбалер на ПСЖ заработил сериозна повреда, ќе го пропушти и ЕП во Германија