• недела, 12 мај 2024

Арсовска на увид во градежни активности за реконструкција на водоводната мрежа во Љубанци

Арсовска на увид во градежни активности за реконструкција на водоводната мрежа во Љубанци

Скопје, 5 март 2024 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП „Водовод и канализација“, извршиле увид во градежните активности за реконструкцијата на водоводната мрежа во населеното место Љубанци во општина Бутел, соопшти денеска прес - службата на Град Скопје. 

Градежните активности, како што се појаснува во соопштението, на терен опфаќаат реконструкција на водоводна мрежа на улицата 1 во Љубанци, со нови приклучоци на градската водоводна мрежа, а со реализацијата на овој инфраструктурен проект, жителите добиваат поквалитетно водоснабдување.

- Градот Скопје континуирано работи на мрежата за водоснабдувањето согласно предвидените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на предизвиците и реализација на барањата на граѓаните во делот на подземната инфраструктура се важен сегмент, се додава во соопштението. цр/лв/

Фото: Град Скопје

 

Остани поврзан