“Не може без Бадинтер, дали да ви нацртам?” Османи одговори на прашање за кое рече дека е навредливо за Албанците

Министерот и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи денеска уште еднаш порача дека никогаш нивна цел како партија не била да бидат посакуван партнер на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, туку посакуван партнер на народот. Според Османи, Охридскиот рамковен договор доведе до потреба за две мнозинства – 61 како апсолутно мнозинство и мнозинство по Бадентер.

Според него, се уште одредени луѓе размислуваат за концептот пред Охридскиот договор, кога се размислува само за едното мнозинство со 61 пратеник во Собранието.

 

 

Османи тврди дека ќе помине уште време за да се сфати логиката на Охридскиот договор и механизмите кои што ги наметнува со двете барани мнозинства.

-Одлуката како ќе се поставиме во вториот круг од претседателските избори ќе ја донесеме заедно со Европскиот фронт во наредните денови, информира претседателскиот кандидат од првиот круг.

Османи одговори и на прашање, за кое рече дека е навредливо за Албанците.

-Толку е навредливо ова прашање. Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет? Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира Владата. Затоа има две мнозинства со Рамковниот договор. тие што ги исполнуваат двете мнозинства, формираат Влада. Не може да се формира Влада без Бадентерово мнозинство. Ова не е моја проценка, додаде потпретседателот на ДУИ, одговарајќи на прашање што доколку ДУИ победи во албанскиот блок на 8 мај, но победникот од македонскиот блок не ги покани да бидат дел од идната Влада.

-Не може без двојно мнозинство да има функционален парламент. Дали треба да го нацртам поинаку…, кажа Османи.(локално)

 

Back to top button
Close