Битиќи: Наместо да има даночно олеснување ние викаме 0 данок на личен доход за приматели на минимална плата

од Симе Стоиков

„Програмата на СДСМ не е програма која што може да биде сосема нова, туку е продолжение. Некои работи се веќе интегрирани во тековните законски прописи и механизми кои што се поставени и ги има. И поддршката за преквалификација и обука и дообука. Ги има како такви во сегашните механизми. Таа е базирана на седум различни столбови, “ посочи Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и коносител на листа на СДСМ во ИЕ 2, во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.

Во однос на воведувањето на 0% данок на личен доход за примателите на минимална плата како дел од програмата на СДСМ, Битиќи посочи дека, тоа е влез во прогресивното оданочување.

„Така се прави. Мора да биде солидарен и поправичен кон категоријата на приматели на ниски приходи и за стопанството олеснување, но и за примателите. Значи, тоа е првиот исчекор кој што го правиме. Наместо да има даночно олеснување ние викаме 0 данок на личен доход за приматели на минимална плата,“ реќе Битиќи.

Слични содржини