Англија
Мурињо со „отровна стрела“ во свој стил: Во Јунајтед се уште има играчи кои беа отпишани од мене
Жозе Мурињо ја чека вистинската понуда за да преземе проект кој ќе ги задоволи неговите апетити, но истовремено останува интересен за јавноста, особено поради својата последна посета на Лондон.
„Специјалниот“ беше на трибините и го проследи во живо премиерлигашкиот натпревар меѓу Фулам и Ливерпул, а сега медиумите ја пренесоа интересната изјава која ја дал Португалецот за „Дејли Телеграф“.
Мурињо во најновото обраќање дал изјавата за нерегуларната сезона која ја има Манчестер Јунајтед под водство на Ерик Тен Хаг, со заклучок дека Холанѓанецот сепак има далеку подобри услови од оние на кои наишол тој на „Олд Трафорд“.
– Јас сум човек на фудбалот и цел живот сум со фудбалот. Кога бев во Јунајтед, Ед Вудвард беше човек од друга сфера, сега Тен Хаг има услови кои јас ги немав во мое време. Немав такво ниво на поддршка, немаше толкава вербаво мене. Затоа си заминав тажен од Јунајтед, сметав дека сум на почетокот на еден процес за кој не добив доволно време, – вели Мурињо, кој во продожение испорачал индиректна „отровна стрела“ кон фудбалери како Рашфорд, Марсијал, Лук Шо кои се уште се дел од Јунајтед.
– Ако ми веруваа малку повеќе, сметам дека работите може да бидат поинакви. Се уште гледам неколку играчи кои се уште во во клубот. Станува збор за играчи кои јас не ги сакав уште пред пет или шест години. Станува збор за играчи кои јас сметав дека не се доволно професионални за клуб со толку голема димензија. Јас си ја направив својата работа во Јунајтед, времето ја покажа вистината. Навистина сакам Манчестер да има успех, – потенцира Жозе.
-
НБАпред 13 часа
Брансон како Џордан и Леброн, познато е првото полуфинале на Истокот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Левандовски: Барселона е најголемиот клуб на светот, горд сум…
-
Светпред 9 часа
Гомез за „билдерот“ Озил: Не знам која е неговата цел (ФОТО)
-
Англијапред 14 часа
Тен Хаг излезе со коментар за неверојатното издание на Санчо во полуфиналето во ЛШ
-
Англијапред 15 часа
Покетино испрати загрижувачка порака за својата иднина по победата над Тотенхем
-
Германијапред 12 часа
Алонсо: Одигравме интелегентно и зрело, ама…
-
Италијапред 10 часа
Ултрасите нема да навиваат за Милан на мечот против Џенова
-
Светпред 13 часа
Големо име: Уште еден добар пријател на Меси може да се пресели во Интер Мајами