Спорт Фудбал

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Реал Мадрид и голманот Андриј Лунин се многу близу да ја продолжат соработката, објавува „Атлетик“.

Клубот е презадоволен од тоа како Украинецот се покажа на голот по повредата на Тибо Куртоа и го истисна од првиот тим Кепа Аризабалага, кој пак дојде на позајмица од Челси. „Кралевите“ ќе му понудат нов договор на Лунин до јуни 2028 година. Актуелната соработка помеѓу двете страни истекува во летото 2025 година.

Голманот, кој има 25 години пристигна во Реал во летото 2018 година од Зорија Луганск. По неколку позајмици во Овиедо, Легањес и Ваљадолид, тој ја доби вистинската шанса по повредата на Куртоа и не разочара. Затоа Реал сака да ја продолжи соработката на дополнителни три години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер прв финалист во Купот

Дејан Дејан

Каратистите на клубот „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе