Ограбена Сандра Африка

од Симе Стоиков

Пејачката Сандра Африка неодамна при враќање од настап во Австрија била ограбена на бензинска пумпа.

Како што пишуваат српските медиуми, таа патувала со својот автомобил и застанала на бензинска пумпа во Словенија, низ која само транзитирала.

„Се беше во најдобар ред, Сандра го одработи настапот и во неделата попладне замина за Србија. Патувала со пријателка бидејќи брзала што побрзо да се врати во Белград и да се подготви за патувањето во Хрватска кое ја чекало во понеделник. Нејзините музичари останаа уште неколку дена затоа што немаа потреба да се брзат. Додека поминувала низ Словенија, Сандра и нејзината пријателка застанале на бензинска пумпа само за да отидат во тоалет, но била толку уморна што заборавила да го заклучи автомобилот и тогаш се случило се – ја започнал приказната близок извор, па објаснил што се случило .

– Сандра и нејзината пријателка излегле само три-четири минути, но кога се вратиле виделе дека совозачката врата е отворена. Штом влегле во автомобилот сфатиле дека се ограбени. Некој земал се, паричник со пари од настапот, два телефони, две скапи чанти, дури и шминка, како и некој накит што го носела на настапот. Катастрофаа, дури и ја зеле и електронската цигара. За среќа пасошот и бил во касетата во автомобилот и не и бил одземен. Настаналот хаос, но бидејќи и се брзало да оди во Србија, не можела да повика полиција и да пријави затоа што нема да може да се врати навреме – рече изворот којт врди дека пејачката ги видела луѓето кои најверојатно ја ограбиле.

-Кога застанала на пумпата видела неколку мигранти, се сомнева во нив со оглед на тоа дека биле единствените таму, убедена е дека тие ја ограбиле. Но, ќе поминеше многу време додека полицијата да дојде и да направи записник, па таа во Србија дошла вознемирена, но фала богу барем имала пасош со себе и можела да ја помине границата – заклучува изворот за Информер.

За овој немил настан се огласи и Сандра.

– За жал, тоа се случи. Ужас, сега се обидуваме да најдеме начин да ги одведеме тие крадци во притвор, но се сомневам дека тоа ќе се случи. Доживеав огромен стрес, но што да правам, важно е да сме здрави и живи. Отсега ќе се грижам, тој ден бев премногу уморна и еве што се случи – изјави пејачката за Информер.

Слични содржини