Познати полуфиналните двојки во Конференциската лига

Италијанската екипа Фиорентина ќе игра против белгискиот Клуб Бриж, а англискиот премиерлигаш Астон Вила против грчкиот Олимпијакос во полуфиналето од годинешното издаени на Конференциската лига.

Фенербахче и Олимпијакос по 210 минути играа 3:3, па реваншот во Истанбул беше решен со изведување пенали. Повторно хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ беше расположен и одбрани два удари од белата точка, но на другата страна голманот на Олимпијакос, Цолакис беше уште поинспириран, сопре три удара од ривалските играчи, што му овозможи на грчкиот тим да од натаму со вкупен резултат од 6:5.

Стрелец на единствениот гол во 120. минути беше Кахвечи во 11. минута кога прецизно со левата нога ја упати топката во противничката мрежа. Со ова домашните ја анулираа предноста на Олимпијакос од 3:2 од првиот натпревар, а потоа мрежите мируваа до пенал рулетот. Ливаковиќ одлично го чуваше домашниот гол во текот на натпреварот со неколку многу добри реакции, а во првото продолжение турскиот преставник го спаси и стативата.

Претходно во четвртокот Астон Вила го победи Лил на пенали. Астон Вила во првиот меч пред своите гледачи го победи Лил со 2:1, а истиот резултат беше и по 120 минути игра на француски терен. Па така одлуката мораше да биде донесена со удари од белата точа, во што гостите беа поуспешни со вкупни 4:3.

Јунак на победата на Астон Вила беше аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, кој одбрани два пенала на противничките играчи и потсети на деновите од последното Светско првенство кога на сличен начин ги развеселуваше аргентинските навивачи на патот до светскиот трон.

Лил одлично го отвори натпреварот, а бројните напади брзо го донесоа првиот гол. По една одлична акција во 15. минута, одлична асистенција на Гудмундсон, истиот такав убав погодок постигна турскиот репрезентативец Јажичи. Францускиот тим доминираше во првите 30 минути, кога можеше да ја зголеми предноста, додека гостите од Бирмингем се разбудија дури на крајот од првото полувреме. Астон Вила пропушти две шанси и така со гол минус замина на пауза.

Натпреварот продолжи отворено, Лил сѐе уште изгледаше поопасно, а вториот гол го постигна во 68. минута. По корнер, Бенжамин Андре скокна највисоко и со глава погоди за 2:0. До крајот Астон Вила се обидуваше да постигне гол за продолженија и успеа во тоа во 87. минута. Уфрлената топка ја зафати домашниот голман Шавалие, но ја испушти паѓајќи врз свој соиграч. Таа отскокна до врвот на шеснаесетникот, а Кеш прв дојде до неа и силно ја спроведе во мрежата. И двата тима можеа да победат во продолженијата, но на крајот сѐ беше решено по пенали каде Астон Вила победи со 4:3 благодарение на Мартинез.

Клуб Бриж со две победи против ПАОК се пласираше во полуфиналето во кое ќе се соочи со Фиорентина. По 1:0 на домашен терен, белгискиот тим победи во Солун со 2:0. Херој на Клуб Бриж во реваншот беше шпанскиот играч Феран Јутгла, кој ги постигна голови во 33. и 45. минута за 2:0 за гостите.

По 180 минути немаше голови во дуелот меѓу Фиорентина и чешка Викторија. Натпреварот во Плзен заврши 0:0, како и реваншот во Фиренца, со тоа што Италијанците во реваншот во 67. минута имаа играч повеќе по исклучувањето на Бразилецот Кадо. Фиорентина ја искористи предноста од играч повеќе во 92. минута кога Аргентинецот Нико Гонзалес најде пат до мрежата во мешаницата во гостинскиот шеснаесетник за 1:0, додека славјето на домаќините беше потврдено во 108. кога Бираги со гол го заврши контранападот на Фиорентина за конечните 2:0.