Силјановска Давкова: Возраста значи мудрост, знаење, искуство

Од:

„За мене, возраста како и во антиката, значи мудрост, значи знаење, искуство, а мислам дека многу успешни претседатели имале бела коса и биле успешни. Не плашете се за мене, јас сум добро и физички и психички. Орна сум за дебата ама нема кандидати за дебата. Само најавуваат, најавуваат и никако да се појават таму каде што ни е местото, пред одговорни новинари“порача кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

„Молкот кога се случуваше тој настап многу зборува. Не знам дали можам да го окарактеризирам тоа, но таквиот говор, говорот на омраза, не доликува на ниту една сериозна партија, ама не доликува воошто на социјалдеморкатска партија. Тоа е говор на некоја крајна десница, што се служи со патријархалност и парохијалност па така гледа на жените и на возрасните“,

Вака реагираше кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, во врска со синоќешниот митинг на нејзиниот потивкандидат поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, на кој еден од граѓаните, како што претходно обвинија од ВМРО-ДПМНЕ, упатил сексистички навреди кон неа кои се однесуваат на возраста и полот на кандидатката.

Меѓу правниците, додаде таа на митингот во Прилеп, се вели дека има дела со чинење и дела со нечинење.

Од вечерашниот митинг во Прилеп се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој, коментирајќи го синоќешниот митинг на Стево Пендаровски, на кој биле изнесени навреди кон нивната претседателска кандидатка, оцени дека актуелниот шеф на државата станал прототип за балкански женомразец.

„Тоа покажува и состојба на длабока психолошка, внатрешна раздразнетост на Пендаровски и голема доза на омраза и чувство на интелектуална инфериорност во однос на професорката Гордана Силјановска-Давкова. Говорот на омраза има име, тоа е Стево Пендаровски. И не го гледам денес Пендаровски да се извини затоа што тој само со навреди и говор на омраза може да биде силен, впрочем како и сите слаби луѓе кои се предводници во мизогинијата“, рече Мицкоски од митингот во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Течат роковите за приговори до ДИК, нема прегласување на трите избирачки места во Куманово, ќе бидат разрешени избирачките одбори

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места