Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, ја забележа втората победа во регионалната АБА-лига, откако на домашен терен славеше над Мега МИС со 94:82.

ФОТО: Петр Стојановски

Најефикасни во победничкиот состав беа Бре Ајви со 15 поени, четири скока и шест асистенции, додека Кафи постигна 14 поени и запиша осум асистенции.

Следен противник на МЗТ Скопје во јадранската лига е Игокеа, меч кој ќе се одигра следниот викенд.

По осум натпревари „сино-белите“ се на 12.место со скор две победи и шест порази.