Забрана од 2 години за влез во Македонија за албански државјанин, со тврд предмет нападнал туѓа сопруга и ја повредил

На 23.11.2022 година во 11.10 часот во СВР Охрид приведен е У.Ш..(32) од Корча, Република Албанија. Тој, претходно, во куќа во охридското село Лескоец, сопственост на С.В., агресивно се однесувал по што фрлил тврд предмет кон неговата сопруга и ја повредил.

По поднесена пријава, од страна на Основниот суд во Охрид изречена му е мерка ,,протерување на странец од земјата“ во траење од две години, по што е споведен до граничниот премин „Ќафасан“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.