Спорт
Јувентус ќе ги разгледа понудите за Киеза
Раководството на Јувентус летово ќе ги разгледа понудите за Федерико Киеза, но и колку да звучи парадоксално ќе се обиде да го продолжи неговиот договор кој му истекува во 2025 година.
Како што објави денеска „Тутоспорт“, Киеза не е целосно задоволен од статусот во тимот, што покажа и неговата реакција, во саботата против Торино (0:0) кога беше заменет.
Според овој извор, клубот се уште не ги започнал преговорите околу новиот договор, односно двете ги разгледуваат сите опции.
Наводно за услугите на Киеза сериозно биле заинтересирани Ливерпул и Њукасл.
Црно-белите летово ќе мора да го продадат напаѓачот доколку тој одбие да потпише нов договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Николов и Начевски ќе го судат финалето во ЛШ
Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат финалето на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони. Завршниот турнир ќе се одржи во Келн на 8. и 9.јуни.
На завршниот турнир, во првото полуфинале ќе играат бранителот на трофејот Магдебург и Олборг, а во второто Барселона и Кил.
Финалето е на програмата на 9.јуни од 18 часот, три часа претходно ќе се одигра натпреварот за третото место.
Со делегирањето за ова финале, Николов и Начевски го „затворија кругот“, бидејќи претходно судеа финалиња на Европко и Светско првенство односно Олимписки игри.
Спорт
Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута
Атлетик Билбао, синоќа доживеа пораз од Селат во Виго со 2:1. Клубот од Баскија наредната сеозна ќе игра во Лига Европа, откако пред три недели го освои Купот на Шпанија. Селта со овој триумф речиси обезбеди опстанок во лигата, а Билбао остана не позицијата број пет.
Покрај голот од корнер на Алкес Беренгер во 23.минута и 20-годишниот Алварез кој асистираше за првиот и го постигна вториот гол за својот тим, натпреварот го обележа и измената која Ернесто Валверде ја направи во 61.минута, кога од игра го повлече голманот Унаи Симон.
Наместо него влезе Агирезабала. Симон не се повреди, а зад овој потег на Валверде стои јасен план. Имено, сите во клубот сакаат Симон да го освои трофејот Замора, кој му се доделува на голманот со најмал број примени голови.
Симон има коефициент од 0,94 примени голови по натпревар. Во 35 кола во Ла Лига прими 33 гола. Тој е во водство пред Ремиро од Реал Сосиедад и Тер Штеген од Барселона.
Главен услов за наградата е да се одиграат минимум 28 натпревари од по 60 минути. Затоа Валверде го повлече Симон во 61. минута кога Атлетик водеше со 1:0. На крајот Атлетик прими два гола, но Симон ја сочува мрежата.
„Би направил се што можам за да им помогнам на играчите да ги постигнат своите цели“, изјави тренерот Валверде.
Според Трансфермаркт, Симон вреди 25 милиони евра, за шпанската репрезентација има забележано 39 настапи.
Спорт
Списокот на Нагелсман за ЕП – само двајца од Дортмунд, отпаднаа Гнабри и Горецка
Селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман го објави поширокиот список на играчи на кои смета за претстојното Еверопско првенство.
На списокот го нема квартетот финалисти во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд, меѓу најзаслужните за големиот резултат на „милионерите“ сезонава: Матс Хумелс, Јулијан Бранд, Карим Адејеми и Никлас Суле.
На списокот ги нема и фудбалрите на Баерн Серж Гнабри и Леон Горецка, како и Тимо Вернер.
Од шампионскиот тим на Баер Леверкузен има четворица играчи.
Во ростерот на Нагелсман има 27 играчи, што значи дека ќе мора да се откаже од уште еден играч за ЕП.
Голмани: Оливер Бауман (Хофенхајм), Мануел Ноер (Баерн), Александар Нибел (Штутгарт), Марк-Андре тер Штеген (Барселона)
Одбрана: Валдемар Антон (Штутгарт), Бенџамин Хенрикс (Лајпциг), Џошуа Кимих (Баерн), Робин Кох (Ајнтрахт Франкфурт), Максимилијан Мителштад (Штутгарт), Давид Раум (Лајпциг), Антонио Ридигер (Реал Мадрид), Нико Шлотербек (Борусија Дортмунд Дортмунд), Џонатан Тах (Баер Леверкузен).
Среден ред: Роберт Андрих (Баер Леверкузен), Крис Фиерих (Штутгарт), Паскал Грос (Брајтон), Илкај Гиндоган (Барселона), Тони Крос (Реал Мадрид), Џамал Мусиала (Баерн), Александар Павловиќ (Баерн), Лерој Сане (Баерн), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен)
Напад: Максимилијан Бејер (Хофенхајм), Никлас Филкриг (Борусија Дортмунд), Каи Хаверц (Арсенал), Томас Милер (Баерн), Дениз Ундав (Штутгарт).