Шампионот на колена: Минесота го прегази Денвер и поведе 2-0 во полуфиналната серија на Западот (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во НБА лигата, Денвер нагетс е пред елиминација од плеј-офот откако доживеа и втор пораз на домашен терен во серијата со Минесота тимбервулвс овојпат со убедливи 80-106.

Неверојатниот Ентони Едвардс повторно беше најдобар поединец во победничкиот табор завршувајќи го мечот со 27 поени, додека со ист број поени кај победникот заврши и Карл Ентони Таунс. Кај поразените скромна вечер имаше Никола Јокиќ кој постигна само 16 поени.

Во источната конференција Њујорк никс поведе со 1-0 против Индијана пејсерс, откако синоќа во „Медисон сквер гарден“ славеше во интересен натпревар славеше со 121-117. Џејлен Брансон со 43 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Мајлс Тарнер постигна 23 поени.

Се вчитува...