Search

Бајден: Огромното мнозинство Палестинци не се Хамас

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека „огромното мнозинство Палестинци не се Хамас“ и дека „Хамас не го претставува палестинскиот народ“.

-Впрочем и тие страдаат од тероризмот на Хамас. Треба да ни биде јасно за таа реалност – напиша Бајден на социјалната мрежа Х.

Палестинската милитантна група Хамас, која има моќ во Газа, го нападна јужниот дел на Израел на 7 октомври, убивајќи околу 1.200 луѓе и зеде околу 240 заложници.

Израел потоа започна напади врз Газа, во кои, според палестинските власти, загинаа десетици илјади луѓе.

Израел најави дека ќе продолжи да се бори додека Хамас не биде поразен.

Треба да знаете
Последни објави