Балканленд

Лепа Брена: „Среќна сум кога купувам подароци за другите“

Познато е дека популарната пејачка Лепа Брена Новата година ќе ја пречека со публиката во Бања Лука, каде што одржа прес-конференција и ги откри своите доживувања на празничниот период што ни претстои.

„Овој период треба да има празнична конотација, бидејќи сите се подготвуваат да биде радост и славје, сите му се радуваат на снегот, но да бидам искрена, јас повеќе го чекам снегот заради моите внуци и деца, отколку заради себе, бидејќи немам време ни за скијање, ни за нешто друго. Многу патувам и работам“, рече таа, а потоа откри што најмногу ја радува овој период од годината:

„Среќна сум што ќе им купувам подароци на другите и што тие ќе се радуваат по тој повод“, додаде Брена.

Можеби ќе ве интересира: