Русија не го „зема при срце“ тоа што ЕП ја прогласи за „држава спонзор“ на тероризмот

од Nikola Popovski

Москва не ја зема при срце Резолуцијата на Европскиот парламент со која Русија се третира како држава која го поддржува тероризмот, бидејќи таа не е правно обврзувачка, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

– Европскиот парламент е тип на организација која со задоволство својата работа ја заснова на емоции, на емотивен пристап и за нас не е тајна дека таму во последните години има малку љубов за нас – рече Песков, а пренесува Тас С.

Во опширното интервју за телевизијата „Русија 1“, на кое се повикува Тас С, тој истакнал дека ситуацијата во Европскиот парламент во моментов е таква што „русофобијата ги преплавува“ и додал дека емоциите се „променлива работа“.

– Денеска емоциите се русофобични, утре ќе биде нешто друго. И тогаш можеби ќе има појаснување – рекол Песков.

Тој додал дека Русија гледа „голем недостаток на професионализам во работата на Европскиот парламент“.

Слични содржини