25.8 C
Скопје
29. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ОРГАНИЗИРАШЕ АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПАРК

Во рамките на одбележувањето на Денот на пролетта, администрацијата на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска реализираше акција за чистење на Градскиот парк во Скопје.

Во акцијата земаа учество 70 вработени во администрацијата на Претпријатието коишто со собирање на ситните отпадоци одложени на јавните површини во Градскиот парк ја пренесоа пораката дека секој поединец преку своето совесно однесување може да придонесе за одржувањето на хигиената и заштитата на животната околина.

Преку оваа акција, ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до сите жители на нашиот град својот комунален отпад да го одлагаат само во наменски поставените садови – контејнери, канти и корпи за отпадоци, затоа што преку одлагање отпад на јавни површини се создаваат диви депонии, се загадува животната средина и се загрозува јавното здравје.
Администрацијата на ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе ја продолжи акцијата и во текот на утрешниот ден, со чистење на централното градско подрачје.

Спонзорирано: