Малите рачиња на дечињата од градинката „13 Ноември“ денеска прекрасно го украсија велигденското јајце поставено близу општинските бараки во Дебар Маало.
-Во духот на традицијата кога се вапцаат првите велигденски јајца во пресрет на празникот Велигден, денеска со многу радост и насмевки со дечињата зборувавме за обичаите и значењето на големиот христијански празник – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Велигденски јајца во пресрет на празникот беа поставени и близу автобуската „Ким“ во Буњаковец и близу Италијанската амбасада во Центар.