(Видео) Русија изврши масовен ракетен напад на Украина: „Ова е нашиот одговор до Киев“

by Fokus

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руските вооружени сили извршиле масовен напад врз украинските енергетски капацитети, како одговор на обидите на Украина да ја оштети руската енергетска индустрија.

„Како одговор на обидите на режимот во Киев да и наштети на нафтената и гасната индустрија и енергетските капацитети на Русија, вооружените сили на Руската Федерација вечерва извршија масовен напад со високопрецизно оружје со долг дострел од воздух и море, како и од беспилотни летала, против објектите на енергетскиот комплекс на Украина. Сите објекти беа погодени“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува РИА.

Се додава дека „како резултат на тоа, била нарушена работата на украинските претпријатија од воената индустрија, бил нарушен трансферот на резервите во областите на борбените операции, а било нарушено и снабдувањето со гориво за воените единици на вооружените сили на Украина“.

Украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко денеска соопшти дека Русија во текот на утрото извршила напад врз енергетската инфраструктура во регионите Харков, Запорожје, Лавов и Киев.

Како резултат на тоа, повеќе од 200.000 корисници останаа без струја во регионот на Харков.

Во нападите целосно е уништена термоцентралата Трипилска во Киевската област, а нафтената и гасната компанија „Нафтогас“ објави дека и покрај нападот на две подземни складишта за гас, тие капацитети ќе продолжат да работат.

Поврзани новости