И Олимпијакос ја „брејкна“ Барса за пласман на Ф4 во Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос се последните патници на Ф4 турнирот кој ќе се игра во Берлин во Евролигата откако вечерва станаа само вториот тим кој успеал да добие „мајсторка“ на гостински терен во плеј-офот од континенталното натпреварување.

Грците во еден неверојатно тврд натпревар во „Блауграна“ вечерва славеа со 59-63 и со тоа по Фенербахче кој претходно денеска славеше над Монако, стана вториот гостински тим кој успеал да добие мајсторка.

Клучна во мечот беше последната четвртина во која тимот од Пиреја успеа да одигра подобро во клучните моменти и на крајот да стигне до голема победа и нов пласман на Ф4 турнирот. Меккисик со 12 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените 17 постигна Лапровитола.

Таму покрај Олимпијакос и Фенербахче кои денеска ја добија својата виза, ќе настапат и Реал Мадрид и Панатинаикос.

Се вчитува...