Пионерската боречка репрезентација со успешни подготовки во Штип патува на ЕП во Грција

Успешно завршија подготовките на пионерската боречка репрезентација на Македонија за настапот на Европското првенство кое ќе се одржува во Грција.

Нашите репрезентативци заминуваат во понеделник во Грција, а веќе во вторник е ждребот, додека пак во среда започнуваат борбите на Европското првенство до 15 години односно за пионери.

Штипјанецот Марио Ананиев кој се натпреварува за боречкиот клуб Бучим од Радовиш за телевизија М Нет вели дека подготвките поминале во најдобар ред и дека низ овој тренажен процес биле во карантин и имале по два тренинга на ден.

Пред камерите на телевизија М Нет зборуваше и селекторот на пионерската репрезентација, Јасин Реџелари кој рече дека припремите за Европското првенство во Грција изминатиот период поминале во одлично според предвидената програма за подготовки.

Селекторот Реџелари вели дека е задоволен како поминале подготовките и додаде дека очекува од Грција да се вратат со медали.

После Европското првенство следува Балканијада која ќе се одржува во Скопје и потребно ќе биде да се одржува формата за настап на истото, а притоа ќе има настапи на турнири преку кои ќе се одржува формата.

Изминатиот период Штип беше тренинг центар за подготовки на пионерската репрезентација за Европското првенство.

Нашите репрезентативци во понеделник заминуваат во Грција каде веќе во вторник го очекуваат ждребот, а во среда стартуваат со борбите.

Александар Ванев, М-Нет