Почина Франсоаз Жило, единствената жена што го остави Пикасо

210
Веста за нејзината смрт ја потврди ќерката Аурелија, Енгел, која рече дека Жило неодамна имала проблеми со срцето и белите дробови.

Славниот сликар го запознава за време на окупацијата – таа има 21, а тој 40 години повеќе од неа. Иако никогаш не се венчаа, имаа две деца, синот Клод и ќерката Палома. За време на нивната врска, законската сопруга Олга често ја вознемируваше и физички напаѓаше.

Сликите на Пикасо од тоа време најчесто се фокусирани на семејниот живот, а на многу од нив ја прикажувал како мајка, незаинтерсирана за децата кои си играат околу неа.

И денес е култна фотографијата од времето кога била муза на Пикасо, на која тој ја штити и крие со голем чадор за сонце на плажа во јужна Франција, снимена од Роберт Капа, но Франсоаз по десет години се охрабри да излезе од таа заштита.

Пикасо се обиде да ја спречи а ги објави тие мемоари, за подоцна, чувствувајќи се дека го изневерила, до крајот на животот одбивал да ги види своите деца. Таа се премажи, објавуваше роамни и работеше како учитечка.

Без оглд на оваа славна афера, по која веројатно ќе биде запаметена во јавноста, нејзните уметнички дела се изложени во повеќе од десет музеи, вклучувајќи го и Метрополитен, Музејот Мома и Центарот Помпиду во Париз и побарувачката за нив, како и нивните цени, се во постојан пораст.

Една нејзина слика пред две години беше продадена во Сотби за милион и триста илјади долари.