Press "Enter" to skip to content

Раул: предизвик е да одиграме добро во Лисабон

По два месеци пауза продолжува Лигата на шампионите во ракомет. Следуваат последните четири кола во групната фаза, а во рамките на група “А“ македонскиот првак Еурофарм Пелистер од Битола пред  елиминационата фаза. Пред заминувањето во Португалија за медиумите тренерот Раул Алонсо рече:

-Спортинг е одличен тим, тие веќе две-три години работат проект и сите видоа што можат да направат. Први се во лигата, а во Лигата на шампионите котираат исто така добро. Многу играчи настапуваа за Португалија на СП, очекувам тим со огормна самодоверба. Исто така, очекувам и сала која ќе биде нивна поддршка. Ќе биде голем предизвик за нас да одиграме добро во Лисабон. Така е во Лигата на шампионите, тоа е нормално. Мора да го одиграме нашиот ракомет и да бидеме солидни во транзиција. Треба да преземеме контрола врз темпото, мислам дека тоа ќе биде клучно за да им парираме. Мислам дека ова е нивниот натпревар, со брз ракомет даваат многу голови. Не знам дали ќе можеме да се одржиме на тој ритам, ама тоа ни е целта. Треба да се смириме, да не брзаме премногу и да бидеме добри во одбрана. Во напад работевме доста посветени на тој тип на игра.

Натпреварот меѓу Спортинг и Еурофарм Пелистер се игра денес, четврток, во вечерниот термин од 20:45 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »