22.8 C
Скопје
14:56 - 2 мај, 2024

(Видео) „Крстане, Србине“: Вељко Ражнатовиќ објави снимка со синовите, кои ги воспитува да бидат патриоти

Српскиот боксер Вељко Ражнатовиќ, синот на пејачката Светлана Ражнатовиќ – Цеца, се гордее со своите синови Жељко и Крстан, кои уште од самото раѓање си го знаат потеклото и на која нација ѝ припаѓаат.

Тоа го откри во своето последно видео со наследниците. Имено, додека Вељко го држеше Крстан во раце и го бакнуваше, малиот Жељко до својот брат пееше: „Крстане, Србине!“.

Во една прилика, боксерот изјави дека сакал да ги научи своите наследници да бидат патриоти.

„Мислам дека, во последните 30 години, ни направија да се срамиме од своето потекло и да се срамиме што сме патриоти. Штом некој е Србин, веднаш го етикетираат како сељак. Супер сине, тогаш биди сељак. Тогаш и татко ти е сељак, и дедо ти беше сељак и сите сме сељаци“, изјави Ражнатовиќ.

Жељко Ражнатовиќ / Фото: Инстаграм/Вељко Ражнатовиќ

„Она што е најважно е мојот син да биде Србин. Да ја научи српската историја, да ги научи српските обичаи. Не европската историја, која е наметната, туку српската. Да знае од каде потекнува, да ја знае семејната лоза на Ражнатовиќ, да ја знае вистината за дедо му, а не она што го пишува на Википедија. Секако, би сакал моето дете да порасне во добар и доблесен човек“, изјави тој.

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....