Промоција на збирката поезија „Небо од стихови“ од Софија Добревска

Денес, со почеток во 19:00 часот во кафе Концепт 37 во Скопје, ќе биде промовирана збирката поезија „Небо од стихови“ од Софија Добревска во издание на „Антолог“.

Промотор: Душко Крстевски
Модератор: Александар Русјаков


Софија Добревска на еден чудесно едноставен начин знае на мигот да му даде продолжено дејствие. Оној обичен миг со кој ние вообичаено се разминуваме не обрнувајќи никакво внимание на него. Патем, таа умее многу вешто да нè зароби во тој миг и ние наеднаш чувствуваме возвишеност во она што би го одминале. Среде тој миг Софија Добревска нè „облекува“ во својата поезија давајќи ни краток восхит што веројатно долго ќе го паметиме, а можеби никогаш нема да го заборавиме.

Збирката „Небо од стихови“ се чита во еден здив, практично се вдишува, ама потоа одеднаш имате потреба одново да се вратите отпочеток, оти вдишувањето/издишувањето ви се гледа како малечок магиски ритуал низ кој одново сакате да поминете, внимавајќи притоа што повеќе од тој воздух од стихови да задржите во себе – Александар Русјаков.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим

Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим Во времето на царот Констанс, синот на …