Изборниот ден заврши, гласачките места се затворени

од Nikola Popovski

Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Македонија денеска можеа да гласаат на седмите претседателски избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас имаа 1.814.317 граѓани лица запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитревски.

Одѕивот на претседателските избори до 18 часот изнесуваше 47,61отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 година кога до 19 часот на гласање излегоа вкупно 41,67 отсто од запишаните избирачи.

Според првичните оценки на ДИК, МВР и набљудувачите, изборниот ден помина мирно и без проблеми.

Слични содржини