Македонија

Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Според првичните неофицијални резултати, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова има двојна предност пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски на првиот круг од претседателските избори во земјата. Досега се преброени 68,99 проценти од гласовите.

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека на 2.367 од вкупно 3 508 избирачки места, предност има кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 38,88 отсто од гласовите, пред Стево Пендаровски од СДСМ кој има 114.373 гласови или 19,04 проценти од гласовите.

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 14,76 проценти од гласовите, пред Арбен Таравари од коалицијата Вреди со освоени 65.503 гласа или 10,67%, Максим Димитриевски од ЗНАМ има освоени 8,35 %, Билјана Ванковска од Левица, добила поддршката на 4,52 % од гласачите и Стевчо Јакимовски од ГРОМ – 0,89 проценти.

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ упати порака дека не е паметно ДУИ да повикува на бојкот на вториот изборен круг за избор на претседател на државата, посочувајќи дека разликата меѓу Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски веќе е повеќе од 170 илјади гласови.

На почеток