Браун верува дека Верстапен ќе го напушти Ред Бул на крајот на годината
- Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун, е убеден дека возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ќе го напушти својот тим по завршување на сезоната 2025.

Лондон, 19 март 2025 (МИА) - Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун, е убеден дека возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ќе го напушти својот тим по завршување на сезоната 2025.
- Според мене, тој ќе го напушти својот сегашен тим на крајот на годината и најверојатно ќе се пресели во Мерцедес. Имаше гласини за можна преселба во Астон Мартин, каде што се приклучи Адријан Њуи. Сепак, и покрај големината на Адријан, за успех е потребен кохезивен тим, култура, а за тоа е потребно време. Ако треба да се обложувам, би го избрал Мерцедес. Во последните 10 години седум-осум пати го освоија шампионатот за конструктори. Минатата година победија на пет трки. Тие се стабилни. Познато е дека на Тото Волф му се допаѓа Макс. Покрај тоа, на Мерцедес им оди добро со своите погонски единици во контекст на новите регулативи за следната година, изјави Брауна за „The Telegraph“.
Верстапен кој е актуелен светски шампионат во Формула 1 ги сподели своите очекувања за втората етапа сезонава.
- Се ближи првиот спринтерски викенд и за нас е важно да се погрижиме болидот да биде оптимално поставен. Ќе имаме само еден тренинг за корекции и има малку време, но тимот се труди. Отсекогаш уживав во трките во Шангај, има многу можности за претекнување таму, истакна Верстапен.
Втората етапа од Формула 1 сезоната 2025 година ќе се одржи од 21 до 23 март на патеката во Шангај, Кина. зс/
Фото: ЕПА