Исповед на Мирко Петровски последниот ден од минатата година: Оваа 2023 година беше најтешката година досега во мојот живот

Мирко Петровски на последниот ден од минатата година одлучи да проговори за тешкиот период во 2023 со кој се соочил.

„Мојата љубов кон спортот започна уште од 7 годишна возраст. Тоа беше спортска гимнастика и бев многу успешен. За мене е најубавиот спорт, многу тежок. Нашите тренинзи траеа некогаш и по 4-5 саати. Се започнуваше со 45 минути загревање, па главниот дел од тренингот и се завршуваше со уште 45 минути вежби за сила. Во салата Партизан 4 „Наум Наумовски Борче“ го запознав и мојот прв учител, подоцна и мојот кум Иван Лошковски кој за жал прерано не напушти.


Бев темпераментно и бесно дете. Иван ме оттргна од улицата и лошите работи за што сум му вечно благодарен. Ме научи да ги ценам вистинските вредности во животот и ми беше пример и идол како треба да биде еден маж.

* Во мојот живот имав многу тешки моменти , но и моменти на радост и успеси.
* Оваа 2023 година беше најтешката година досега во мојот живот.
* Оваа страница од мојот жовот ја читав долго. Но ја прочитав, поминав уште едно Божјо искушение. Дојде време да ја свртам и да го започнам новото подглавје во мојот живот.
* Сега повторно кога ќе ги отворам очите наутро одвај чекам да ја започнав својата дневна кардио рутина, да си спремам здрави оброци и да одам на тренинг со многу љубов и со љубов да работам со своите клиенти (пријатели) и да уживам во работата.


И за крај ќе споделам и една вистина по која се водам целиот живот, но последниве години поради Х причина ја заборавив:
* Јас сум оној кој што сум и овде ме праќа оној кој што сум. Затоа имам духовен мир! И не е беден оној кој што нема, беден е оној кој што има и сака уште многу да има!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Ѓокица Лукаревски !!!

Ѓокица Лукаревски е роден во Скопје на 29 април 1951година. Тој е македонски глумец, познат …