Пејачот ја потврди радосната вест: Петар Грашо и Хана Хулиќ ќе станат родители по втор пат

2272

Пејачот Петар Грашо и неговата сопруга, Хана Хуљиќ, го очекуваат своето второ дете.

Двајцата ја имаат ќерката Алба која наскоро ќе го прослави вториот роденден, а пејачот за магазинот ИН потврди дека наскоро во нивниот дом доаѓа нова принова.

Тој не откри детали ниту кажа во кој месец од бременоста е Хана, а ќерката на Тончи Хуљиќ пред неколку месеци проговори за родителството и малата Алба.

„Толку уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам да порасне, но кога ќе порасне ќе ми биде жал. Убава е, весела, внесе нешто посебно во нашиот живот“, изјави Хана за ShowBuzz и додаде:

„За жал денеска не е толку често детето да расте во љубов и секогаш ми е жал за децата кои го немаат тоа, тоа ми е тешка тема, па среќна сум што таа го има тоа. Таа љубов и таа насмевка“, рече меѓу другото таа.

Хана Хуљиќ сѐ уште не ја објавила втората бременост.