(Видео) Северина за настапот во Скопје: „Ваков концерт не очекував“

Преполната арена „Борис Трајковски“ во Скопје во саботата ја пречека Северина, која со овој концерт ја продолжи актуелната турнеја надвор од границите на Хрватска.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

„Ова е наш трет концерт во арената „Борис Трајковски“ и не очекував ваков концерт… Овој пат немавме ниту танчери, но ниту ни требаа, направив се наместо нив, дури ни голема видео продукција, но она што навистина ми е битно, затоа што тоа е моето гориво, е одличен бенд, одлични музичари, ги имаше многу на сцената и кои дадоа се од себе оваа вечер да остане засекогаш запаметена и засекогаш врежана во срцата на публиката, но и нас самите… И тие и јас бевме вчудоневидени и благословени што ги видовме новите генерации како ги пеат нашите песни, како и оние познати луѓе кои веќе доаѓаа на нашите концерти во Македонија. Им благодарам на Скопје, им благодарам за несебичната љубов што ми ја даваа при секоја композиција и морам да кажам дека ова беше еден од најдобрите концерти… Не ја сметам само Македонија. Еден од најдобрите концерти досега… Благодарам“, изјави Северина по концертот.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

Текстот (Видео) Северина за настапот во Скопје: „Ваков концерт не очекував“ е превземен од МАКФАКС.