Регион Државно обвинителство

Акција против шверцери на илегални мигранти во БиХ

Активностите се спроведуваат на подрачјето на Унско-санскиот, Зеничко-добојскиот и Сараевскиот кантон.

Акција против шверцери на илегални мигранти во БиХ

Обвинителството на Босна и Херцеговина и Државната гранична полиција спроведуваат акција на повеќе локации во БиХ во борба против организираниот шверц на повеќе од шестотини илегални мигранти, меѓу кои и повеќе од стотина малолетници, соопшти денеска Државното обвинителство.

„Целта на акцијата со кодно име ‘Пирамида’ се неколку лица за кои постои сомнеж дека како членови на меѓународна организирана криминална група подолг период шверцувале или се обиделе да прошверцуваат повеќе од 600 лица, меѓу кои и повеќе од стотина малолетници, се заради стекнување лична материјална корист во големи износи“, се наведува во соопштението на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Активностите се спроведуваат на подрачјето на Унско-санскиот, Зеничко-добојскиот и Сараевскиот кантон.

Во истрагата, се додава во соопштението, е постигната значајна соработка со МУП на Хрватска и Европол, а Граничната полиција на БиХ е поддржана од Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ (ОБА) и Службата за работи со странци на БиХ. (МИА)

To top