Манчестер јунајтед е подготвен да го продаде Антони, но не смее поради бизарна причина

Управата на Манчестер јунајтед планираше да го стави бразилскиот репрезентативец Антони на трансфер-листата за летниот преоден рок, но нема да може да го стори тоа поради бизарна причина по наредба на англиската влада.

Антони до пред неколку месеци водеше судска битка со бразилското обвинителство откако беше обвинет за наводно насилство врз неговата девојка, но случајот е „замзрнат“. Сведоците ги повлекоа првичните изјави и со тоа потврдија дека обвинението било лажно, но англиските власти не препуштаат ништо на случајот.

Имено, иако Антони се наоѓаше на трансфер-листата, тој нема да смее да ја напушти Англија сè додека целосно не се реши случајот и дефинитивно не се докаже дека е невин.

Тоа значи дека Антони барем уште една година ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед и ќе добие уште една шанса да покаже дека не е најголемо промашување во историјата на Црвените ѓаволи.

- Оглас -

Најнови вести