Раперот Раста e разочаран од некои луѓе: На таквите им го посакувам истото – да не застанат на нозе 

902

Лоша судбина!

Лекарите, откако ги добија резултатите, не беа расположени да даваат изјави за медиумите. Единствено главната медицинска сестра неофицијално изјави дека ќе биде голема среќа во оваа несреќа ако не заврши Раста во инвалидска количка

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ, попознат како Раста, кој  често настапува и во Македонија, каде што има огромен број обожаватели, завчера бил итно примен во болница, бидејќи воопшто не можел да застане на нозе. Веднаш бил опериран, и сето тоа при неговиот здрав разум.

– Ви благодарам на сите за вашите бескрајни поддршка и помош. За жал, понекогаш само во вакви ситуации сфаќате кого имате покрај себе, а јас ги имам најубавите луѓе досега и им благодарам за тоа, најмногу на свет! Се надевам на брзо закрепнување и дружење на досега закажаните концерти. На оние безобразните и без разбирање за мојата лоша здравствена состојба им го посакувам истото она што ми се случува. Дај Боже, никогаш да не присуствуваат на моите концерти, бидејќи не се моја публика, тоа не се луѓе! – порача по малку разочараниот рапер.

Инаку, кај Раста се работи за прилично повреден ‘рбет. Големиот проблем со ‘рбетот му се одразува многу лошо при движењето. Воопшто не застанува на нозе, дури не е ни во состојба сам да ги врши физиолошките потреби. Итно му се направени сите анализи и прегледи. Лекарите, откако ги добија резултатите, не беа расположени да даваат изјави за медиумите.

Единствено главната медицинска сестра неофицијално изјави дека ќе биде голема среќа во оваа несреќа ако не заврши Раста во инвалидска количка. Затоа итно му била извршена сложена операција.   Д.М.