Во понеделник повисоки пензии за 5.3%, пензионерите со најниски пензии ќе добијат покачување од 600 денари

Во понеделник пензионерите на сметка ќе добијат повисоки пензии за 5.3%. Во зависност од тоа колку пензија земаат покачувањето може да биде од 600 денари за најниските пензии до 3000 денари за пензионерите чии пензии се највисоки. Најниските се движат од 12.500 до 16.000 денари, а во таа група се 40 отсто од пензионерите во Македонија и тие ќе добијат повисока пензија од 662 до 850 денари. За пензионерите во Штип ова е недоволно покачување на пензиите осносно не може да купат нито посебно.

Околу 93.000 пензионери кои земаат пензија од 20.000 до 32.000 денари, ќе добијат зголемување од 1.060 до 1.696 денари.

Пензионерите со пензии од 30.000 до 50.000 денари ќе добијат зголемување од 1.590 до 2.650 денари, а тие со највисоки пензии со над 54.000 денари ќе добијат и најголемо покачување во износ од околу 3.000 денари.

Усогласувањето се врши двапати во годината, во март и во септември.

Во текот на цела мината година пензионерите протестираа поради големите разлики што се создаваат меѓу најниската и највисоката пензија до новиот начин на усогласување на пензиите. Тие бараа зголемувањето да биде линерано за 5.000 денари, а минималната пензија да ја следи минималната плата.

Пензионерите од Штип и вчера излегоа на протест со истото барање – линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари, а минималната пензија да не е под минималната плата.

Лаура Стојанова М-Нет