Научниците одговорија: Овие работни места први ќе ги преземе вештачката интелигенција

3871

Кои работни места ќе ги преземе вештачката интелигенција? На тоа прашање се обиделе да одговорат група професори од неколку престижни американски универзитети.

Група професори од Универзитетот во Њујорк, Универзитетот Принстон и Универзитетот во Пенсилванија во својот нов труд со наслов „Како четботите како ChatGPT ќе влијаат на професиите и различните индустрии?“ се обиде да расветли кои занимања ќе бидат првите што ќе бидат погодени од најбрзо растечката технологија во светот.

Иако научната работа сè уште не е целосно завршена, досегашните наоди се фасцинантни.

„Веруваме дека новите откритија во вештачката интелигенција најмногу ќе влијаат на работниците во телемаркетингот, а потоа на професорите кои предаваат јазици, литература и историја во средните училишта“, наведуваат научниците.

Меѓу главните индустрии каде вештачката интелигенција би можела да стане доминантна се правниот и финансискиот сектор.