Македонскиот Меси скаутиран од Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах, а пред портите на Сеул и Коњаспор!

Во македонскиот фудбал има доста талентирани играчи, дел од нив реализирале големи кариери, дел успеале во странство со меѓународна кариера, дел во Македонија, но има доста играчи кои можеле да бидат големи имиња во европскиот фудбал, да ги гледаме како тресат мрежи во Лигата на шампионите, играат Ел Класико, но поради алчоста на менаџерите се случува спротивното.

Македонскиот Меси, кога ќе се спомне оваа фраза многумина можеби и ќе знаат дека тоа се однесува на Иван Настевски, фудбалерот на Детонит Плачковица, капитенот на оваа златна генерација која испиша историја во радовишкиот фудбал, екипата која е пред портите на Прва лига и ќе игра историски бараж за да направат револиција во радовишкиот фудбал, а сензација во македонскиот фудбал.

Но, Меси како го знаат многумина или Настевски, можеше да биде вистински Меси, кој наместо во дресот на Барселона, да го гледавме во дресот на Реал Мадрид.

“Настевски е македонскиот Меси, Настевски меѓу наследниците на Меси, македонскиот Меси на списокот на Реал Мадрид…“ вака гласеа насловните страници во македонските медиуми и весници во пред околу 15 години.

Македонскиот Меси тогаш бил одбран од страна на скаутинг тимот на Реал Мадрид во 50-те најголеми таленти.

„Настевски е на листата со 11 суперталентирани млади играчи од Стариот континент, меѓу кои се Геце, Јанузај, Шакири…“ наслов во дневен весник со големи букви на насловна страна.

„Настевски на патот кон Еспањол“ беше еден од насловите во медиуми или пак „Еспањол го купува Иван Настевски“ е наслов во друг медиум, „Настевски се сели во Јужна Кореја и ќе игра за Сеул“… „Настевски се сели во Борусија Менхенгладбах“…

Официјалните понуди кои биле испратени од Настевски се од Сеул од Јужна Кореја и турски Коњаспор.

Настевски чудо од дете, преку скопски Ѓорче до далечниот Исток, алчноста на парите кај менаџерите кој го гледале како дијамант да направат пари, го оставаат Настевски во животот на успехот и падот во фудбалската кариера.

Ова е кратко за тоа како Настевски кој можел да заигра во Реал Мадрид, останува во македонскиот фудбал, а тоа е повод на вчерашната пред-промоција и најава на неговата книга која ја пишува, автобиографија за успехот и падот во фудбалската кариера на Иван Настевски, фудбалер на радовишки Детонит Плачковица.

Талентираното фудбалско момче можело да направи голема меѓународна кариера, да биде фудбалска гордост на Македонија, да биде спортски амбасадор, но менаџерите тогашни наместо младиот Настевски да го изнесат на патот кон европска слава, тие од него гледат можност за заработувачка, без Настевски да има поим што всушност се случува околу него.

Многу пропаднати трансфери, многу падови во животот кој го спуштаат многу ниско, но одново се враќа назад со голема верба во Бога, како што вели Настевски.

10-ката на радовишкиот клуб синоќа во Градската библиотека во Радовиш ја најави неговата автобиографска книга за успехот и падот во фудбалската кариера, пред спортската јавност во Радовиш, неговите соиграчи од Детонит Плачковица и управата на радовишкиот второлигаш.

А, ние најавуваме емисија со Настевски, во која ќе ги откриеме сите ексклузивни информации кој за првпат ќе се појават и прикажат во јавноста, а кој ќе направат вистински земјотрес во македонскиот фудбал, аргументирано со докази и официјални понуди за трансфери, со договори за трансфери и многу други информации.

Што направил Настевски кога добил повик од репрезентација и како тоа било? Како Настевски се вратил назад и се издигнал од сите овие работи кои се случувале околу него?

Наскоро, разговор со 10ката на Детонит Плачковица.

Александар Ванев, М-Нет