Катастрофални вести за Далиќ: Остана без планираниот прв напаѓач за ЕП 2024

Катастрофални вести за селекторот на Хрватска, Златко Далиќ пред Европското првенство 2024. Остана без планираниот прв напаѓач на репрезентацијата за ЕП, по синоќешната повреда на фудбалерот на Осасуна, Анте Будимир.

32-годишниот офанзивец требаше во Германија да биде прв напаѓач на Хрватите, но сега веќе е сериозно прашање дали ќе биде подготвен за настап откако синоќа на мечот против Валенсија доживеа тешка повреда.

Будимир, кој сезонава е втор стрелец во Ла Лига со 16 постигнати гола, има скршени три ребра на мечот кој го одбележа неговата катастрофална утка од пенал во 98. минута од мечот.

„Анте Будимир веднаш по мечот е одведен во болница каде е утврдено дека има скршеници во пределот на градниот кош. Има скршени три ребра. Сега е под лекарства против болка, а ќе следат дополнителни прегледи“ – соопштија од Осасуна.

Се вчитува...