Press "Enter" to skip to content

Фото вест: кај ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола пешачка зона, а не се врви од “коли“

На уличката преку која се стигнува до основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ во Битола од страната на “Булеварот“ , кај реката Драгор е поставен знак кој означува дека од овој дел, пред училиштето и строга пешачка зона.  

Но, како и бидува кај нас тоа воопшто несовесните возачи не го почитуваат, а тука има во секој ден од денот паркирани автомобили, од една причини бидејќи тука не е обележан паркинг простор на кој се наплаќа паркирањето, односно е беспалтно. А, ваквата практика се применува и од училиштето кон “Никола “Тесла“ кај “Ајчо“.

Паркираните возила им прават проблеми на движењето на околу 450 деца кои “мака мачат“ да стигнат до училиштето и да си одат,  бидејќи возила доаѓаат од двата правци.

Поради малиот простор за движење на возилаата и не можноста да се разминат, не се ретки и кавгите на возачите кои ќе се најдат на мал простор и доаѓаат од двата правци.