Тешко повреден полицаец во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје

0
198

Тешко повреден полицаец во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје.

На 29.11.2023 во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Љубљанска“ со бул. „Илинден“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(43) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, сопственост на МВР. Во незгодата полицискиот службеник, кој го управувал службеното возило се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопшти полицијата.

Увид извршила од екипа од СВР Скопје.