Поврзи се со нас

Музика

Акустичен концерт на „Ареа“ во Филхармонија на 19 и 20 април

Објавено

на

Акустичен концерт ќе одржи рок-групата „Ареа“ на 19 и 20 април во Филхармонија во Скопје. Членовите на групата најавуваат акустична музичка магија, каде што ќе се слушнат сите хитови направени во текот на нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала.

Ружица Милошеска Брчиоска, пејачка во бендот, на денешната прес-конференција во Скопје по повод најавениот концерт, посочи дека ќе се претстават на начин многу поразличен од оној што и е познат на публиката, со оглед на тоа што поретко настапуваат акустично. „Ареа најчесто настапува во живо, електрично. Тука сме ексклузивни и ја даваме сета наша енергија на музиката која што ја создаваме, поретко настапуваме и акустично. Во 2010 година имавме концерт во Универзална сала, а сме имале и други помали акустични концерти во помали сали“, рече Милошеска Брчиоска.

Таа напомена дека на концертот, со членовите на „Ареа“,  акустично ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија.

Со нас ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија – две на виолина и две на виолончело. Така ќе се претставиме со сосема нов аранжман на музика, кој што се разликува од оние кои ги слушала публика на нашите концерти во живо, додаде Милошеска Брчиоска.

Таа најави дека публиката ќе има можност да слушне песни од секаков тип – побрзи и пожестоки, но и посмирени.

„Ареа“ има седум албуми. Ние егзистираме 31 година. На овој концерт нема да има песни од првиот албум, но вклучени се песните од новиот албум кој го издадовме минатата година, посочи Милошеска Брчиоска.

Говорејќи за концертот во 2010 година во Универзалната сала, Милошеска Брчиоска рече оти се надева дека оваа сала повторно ќе никне како феникс од пепелта.

За Универзалната сала не поврзуваат многу убави спомени. Навистина ми беше жал кога ги видов сликите од пожарот. Таму сме имале наши самостојни концерти, електрични, акустични.. сме биле гости на разни манифестации, на групни концерти. Сега како да изгоре душата на Скопје. Се надевам дека повторно ќе никне нова Универзална сала, како феникс од пепелта, затоа што на Скопје му е потребна концертна сала која што има добра акустика како што имаше Универзалната сала, рече Милошеска Брчиоска.

Ивица Брчиоски, гитарист на групата „Ареа“ рече дека концертот ќе биде интересен затоа што аранжманите се комплетно изменети и се адаптирани на оркестарот со кој ќе свират.

Станува збор за акустични аранжмани. Нема да има електрични гитари и ќе звучи сосема различно од она што до сега го слушнала публиката. Ќе биде интересно за слушање, додаде Брчиоски.

Првиот концерт што е закажан за 19 април е веќе распродаден. Концертот е во организација на „Фреш јунион“.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 4 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 6 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 7 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 7 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 8 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 9 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена