Медиасет

Надал: Морам да го изгубам овој страв

(Видео) Надал се врати со победа

Рафаел Надал по пресвртот славеше во првото коло на Мастерсот во Рим и закажа дуел во второто коло со Хуберт Хуркач. Овој дуел ќе му значи многу, бидејќи потенцијално му е последен пред Ролан Гарос.

Шпанецот најпрвин со 2:1 го совлада Белгиецот Зизио Бергс, а сега од другата страна на мрежата ќе го има деветиот тенисер во светот.

Рафа реши да даде се од себе на следниот дуел кој се игра во сабота.

„Го добив Ролан Гарос за само две и пол недели, па морам да си докажам себеси дека можам да го доведам моето тело до граница, која морам да ја турнам за да се чувствувам подготвен за она што следува. Морам да го изгубам овој страв“, изјави Надал.

Данил Медведев ја брани титулата во Рим, а ова за Надал е последно учество на овој турнир во кариерата.

Новак Ѓоковиќ и Надал можат да се сретнат само во финалето, што разочара многу фанови по ждрепката.

На почеток