Поврзете се со нас

Англија

Тери избрал четири најнезгодни напаѓачи во кариерата, од еден се плашел посебно

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/premierleague

Џон Тери заслужено доби место во Куќата на славните на англиската Премиер лига, а откако беше потврден неговиот прием, на новинарите им открил и кои биле најнезгодните напаѓачи против кои играл во англиското првенство.

Поранешниот капитен на Челси не направил некои изненадување со изборот, а посебно го потенцирал квалитетот на Тјери Анри.

– Анри беше најдобар играч со кого морав да се соочам, од него и највеќе се плашев.

– Следен би морало да биде Вејн Руни, беше топ играч и правеше неверојатни работи. Со него играв и во националниот тим, мислам дека Вејн е и најпотценет и никој не е свесен што се правеше тој во својата кариера.

– Би рекол дека во оваа категорија влегуваат и Серхио Агуеро и Хари Кејн, – открил Тери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни