Сеќавање: 11 години без истакнатиот новинар Никола Младенов

Никола Младенов е роден во Скопје на 10 март 1964 година. Тој беше македoнски новинар, актер, сопственик и главен уредник на неделникот „Фокус“, кој се смета за еден од најугледните новинари во Македонија, а заедно со своите колеги од весникот „Млад борец“ и за еден од основоположниците на плуралистичките правила во македонското новинарство. Во негова чест е именувана наградата за најдобра истражувачка сторија на годината што секоја година ја доделува македонскиот институт за медиуми.

Кариерата ја започнал како глумец, но веќе кон средината на 1980-тите се вработил како новинар во весникот „Млад борец“, орган на Сојузот на социјалистичка младина на Македонија, каде што се стекнал со углед и се афирмирал како предводник на демократските процеси во СР Македонија. Во него, тој отворил теми за луѓето коишто биле на т.н. „црни листи“ во македонското новинарство, а преовладува и автоцензурата и се критикува работата на комунистичката номенклатура. По работата во „Млад борец“, Младенов го основал радиото „Либертас“, а во 1995 година неделникот „Фокус“, којшто претставува прв слободен и независен седмичен весник во Македонија. Основното мото на неделникот било „Неделник на внатрешниот, а богами и надворешниот непријател“ и тој набргу прераснал во медиум на слободниот говор.


Младенов загинал во сообраќајна несреќа на влезот од Скопје, ноќта на 26 март 2013 година. Несреќата се случила во близина на клучката кај скопската населба Хиподром, каде што на последниот свиок пред влезот во Скопје, управувајќи со своето возило од марката Мерцедес-Бенц излетал од патот и по неколку превртувања загинал на местото на настанот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …