Кошаркарите на МЗТ Скопје по девет порази, стигнаа до победа во АБА лигата и тоа против гигантот Цедевита Олимпија од 79-74. Средбата од 18. коло во СЦ „Јане Сандански“ покажа дека аеродромци растат под водство на Александар Николиќ. Неговите избраници одиграа одличен натпревар, издржаа под притисокот на фаворитот и заслужено дојдоа до многу важна победа. „Штрковите“ отворија солидно, уште од стартот се наметнаа и поведоа. Цедевита по воведниот ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа третата победа во АБА лигата оваа сезона откако во салата „Јане Сандански“ со 79-74 го совладаа тимот на Цедевита Олимпија. Македонскиот кошаркарски шампион овојпат одигра максимално борбен меч, кошаркарите се бореа за секоја топка, а на крајот тоа се исплатеше. МЗТ Скопје одлично го почна мечот, имаше водство од 8-2 на стартот, но како одминуваше четвртината ја загуби предноста, Цедевита водеше со 21-19 по ...