Голеада со „реми“ меѓу Шпанија и Бразил во Мадрид, Франција подобра од Чиле (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија не успеа да ја совлада селекцијата на Бразил на пријателскиот меч одигран на Сантијаго Бернабе во Мадрид, иако имаше предност од 3-2 се до последните секунди. На крајот се спаси Бразил со гол на Пакета од белата точка.

Родри првиот гол го постигна во 12. минута, а потоа Олмо во 36. минута успеа да зголеми на 2-0. Бразил се врати, Родриго во 40 минута намали, а Ендрик во 50. минута изрмани. Меѓутоа Родри во 87. минута со нов гол од белата точка донесе предност, но Пакета на ист начин на другата страна во 95. минута израмни и донесе реми за Бразил.

После поразот од Германија, Франција со мали проблеми на почетокот, на крајот успеа да ја совлада селекцијата на Чиле со 3-2. И покрај предноста на Чилеанците уште рано во мечот, сепак, светскиот вицепрвак ја оправда фаворитската улога и успеа да слави триумф.

Нунез во 6. минута го замолкна стадионот во Марсеј. Но, Франција брзо се врати и најпрво преку Фофана во 19. минута израмни, за Коло Муани во 25. минута да донесе предност. иру во 72. минута ја зголеми предноста, а Осорио само успеа да намали.

Селекцијата на Хрватска во пријателски меч во Каиро ја совлада репрезентацијата на Египет со 2-4. За Хрватите стрелаа Влашиќ, Петковиќ, Крамариќ и Мајер, додека за Египет стрелци беа Рабиа и Аблдемонем.

Се вчитува...