Раст на Волстрит по тридневниот пад

Берзанските индекси пораснаа на њујоршки Волстрит во средата, враќајќи ги загубите од претходните три дена, но се тргуваше претпазливо, на што укажува намаелниот обем на тргувањето.

Индексот Dow Jones скокна за 1,22 отсто, на 39.760 поени, додека S&P 500 порасна за 0,86 отсто, на 5.248 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,51 отсто, на 16.399 поени.

По трите дена пад, Dow Jones и S&P 500 индексите значително пораснаа и достигнаа нови рекордни нивоа.

Сепак, се тргуваше беше претпазливо, на што укажува и намалениот обем на тргување. На американските берзи вчера се заменија 10,6 милијарди акции, додека во последните 20 дена просекот беше 12,2 милијарди.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи оваа седмица има намалена работа, со оглед на тоа што во петок не се работи поради велигденските празници.

А истиот ден ќе биде објавен извештајот за индексот на трошоците за лична потрошувачка. Тие податоци будно ги следат челниците а американската централна банка (Fed) и може да влијаат кога банкака ќе започне да ги намалува каматните стапки.

На неодамнешната средба, челниците на американската централна банка останаа на оценката дека оваа година би можеле трипати да ги намалат каматните стапки. Тоа ги охрабри инвеститорите бидејќи се плашеа дека Fed ќе го одложи намалувањето на каматните стапки во јануари и февруари поради зголемената инфлација во САД.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,01 отсто, на 7.931 поен, додека франкфуртски DAX порасна за 0,50 отсто, на 18.477 поени, а париски CAC 0,25 отсто, на 8.204 поени.