Кои се роковите: Инагурација на Сиљановска-Давкова во недела, а нова Влада кон средината или крајот на јуни

Кои се роковите: Инагурација на Сиљановска-Давкова во недела, а нова Влада кон средината или крајот на јуни

Македонија за само три дена треба ја добие првата жена претседател. Инагурацијата е во недела, на 12ти мај, кога завршува мандатот на претседателот во заминување, Стево Пендаровски, а Гордана Силјановска Давкова треба да даде свечена изјава пред Собранието, по што започнува да тече нејзиниот 5 годишен мандат. Додека пак составот на нова влада, доколку процедурите течат брзо и не се чека за крајните рокови, Македонија ќе добие нов премиер и министри кон првата поливина на јуни.

По нешто повеќе од 7 години, Македонија е во процес на менување на власта и тоа двоен, на законодавната и извршната власт. Според уставните и законските процедури, откако Државната изборна комисија со решение ќе ги потврди пратеничките мандати, следен на потег е досегашниот претседател на Собранието, Јован Митревски. Тој треба да свика конститутивна седница, најдоцна 20 дена по оддржувањето на изборите, односно до 28 мај, по што започнува да тече 4-годишниот мандат на новиот собраниски состав.

  • Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите. – Стои во член 63 од Уставот, во делот „Организација на државната власт“.

Иако пратениците не мора да чекаат до 28 мај за конститувната седница на 11тиот собраниски состав, таков беше случајот повеќе пати во минатото.

Новата претседателка Давкова, 10 дена по конститутивната седница на новите народни избраници, Уставот ја задолжува да го додели мандатот за формирање на нова Влада, на партиите со мнозинство во Собранието. Ова најдоцна може да се случи на 7 јуни.

  • Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. – Пишува во член 90 од Уставот, во делот „Организација на државната власт“.

Ако се чека да изминат сите рокови, Македонија ќе добие нова Влада најдоцна до 27 јуни. Но, имајќи ги во предвид изборните резултати, како и најавените коалиции помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и малцинската Вреди, новата извршна власт веројатно ќе биде формирана кон првата половина од идниот месец.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )