ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ИВЗ молк по вчерашните обвинувања на Таравари дека ИВЗ Гостивар е партиски штаб на ДУИ

Во ИВЗ молк по вчерашните обвинувања на Таравари дека ИВЗ Гостивар е партиски штаб на ДУИ

Молк во Исламската верска заедница по вчерашните обвинувања на Арбен Таравари дека муфтиството во Гостивар се претворило во партиско седиште на Демократската Унија за Интеграција.

Денеска контактиравме и со ИВЗ и со муфтиството на Гостивар, од каде накратко ни одговорија дека не сакаат да ги коментираат изјавите на политичките партии.

Арбен Таравари од коалицијата Вреди пред неколку дена ја обвини Исламската верска заедница дека не работи по верски правила туку по инструкции на првиот човек на ИВЗ, Шаќир Фетаху, кого дури го нарече инструмент на ДУИ.

„Упатувам посебна покана до ИВЗ- Гостивар затоа што направија штаб во рамки на ИВЗ, штаб кој работи специјално за ДУИ. Ги повикувам гостиварските оџи да не станат плен на сите инструкции што им ги дава поглаварот на ИВЗ, за кој е општо познато дека е инструмент на партијата“, рече Арбен Таравари- Вреди.

Во реакцијата Таравари вели дека веднаш по изборите, ИВЗ ќе биде првата институција која ќе треба да се исчисти и да го врати моралот и достоинството што и припаѓа како верска институција.
Таравари ја обвини и гостиварската полиција која според него во селото Чегране врши притисок врз жителите да гласаат за ДУИ./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button