Поврзете се со нас

Англија

Нов удар за Покетино: Заврши сезоната за клучен фудбалер на Челси

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси влегува во финишот на сезоната со надеж дека ќе го поправи впечатокот кај своите фанови и подобро ќе се подготви за следната сезона во која и менаџерот Маурисио Покетино ќе има помалку простор за наоѓање изговори за слабите резултати на тимот во кој е инвестирано повеќе од една милијарда фунти.

По убедливиот пораз од Арсенал, Челси се подготвува за следниот премиерлигашки ривал, а против истиот ќе се соочи без влијателниот Енцо Фернандез.

Клубот потврди дека Аргентинецот бил опериран откако му била констатирана повреда на препоните и за него сезоната е завршена, односно нема да се врати на терените во последните неколку натпревари на Челси.

Фернандез сезонава одигра 40 натпревари за Челси и постигна и 7 гола, но не може да биде задоволен од резултатите кои ги постигна со соиграчите во синиот дрес.

Главна цел на Енцо сега е да се рехабилитира до почетокот на подготовките за Копа Америка, каде сигурно би бил во комбинација за аргентинскиот селектор. Јужноамериканскиот шампионат започнува на 20. јуни, a на Челси во преостанатите шест рунди му следуваат три незгодни соочувања со Астон Вила, Тотенхем и Вест Хем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни